Cleaneo ефект

Која е тајната на Cleaneo ефектот?

 

Тајната е базирана на својствата на Клиноптиолитот, природна модификација на Зеолитот, кој е минерал настанат во комбинација на талог од морска вода и вулканска пепел. До пред години, истиот беше користен во медицината, земјоделието, воената индустрија и астрономијата, како средство за детоксикација. Самиот минерал функционира како катализатор (забрзувач) на природните процеси на распаѓање на комплексните молекули, кои и природно имаат век на распаѓање. Во присуство на зеолитот, тоа е многу краток период, па овој ефект во просториите каде Зеолитот е влезен преку Cleaneo плочите, значи простор без гасови, штетни лесно испарливи материи, тешки мириси од готвени јадења, бои и лакови, издувни гасови и сл.

Ова својство на Cleaneo плочите е тестирано во реномираниот институт за градежна биологија во Штутгарт, каде е покажано намалување на процентот на штетни гасови и до 94%. Тестирани се следниве штетни гасови:

  • Формалдехид
  • Бензен
  • Ароматични хидрокарбонати
  • Хлорирани хидрокарбонати
  • Амонијак, итн.

 

Според истиот извештај, во простории каде се пуши, количината на VOC (лесно испарливи штетни материи) се намалува до 60%. Препорачана количина на Cleaneo плочи, за постигнување на Cleaneo ефектот и при просечна висина на просториите (280-300см) е 50% од површината на просторијата. Пр. Просторија со димензии 24m², има потреба од минимум 12m² Cleaneo плочи.

Историски, овој минерал ја има покажано својата успешност и во елиминирање на радиоактивност, посебно ефектна кај чистење на Цезиум-137, Стронциум-90 и осиромашен Ураниум. По катастрофата во реакторот на нуклеарната електрана во Чернобил, над 500 тони Клиноптиолит беа нафрлени над оштетениот реактор, за да се справат со радиоактивните честички кои реакторот ги емитуваше во атмосферата. Во соседна Бугарија, во деновите после хаваријата во Чернобил, на населението му беа делени колачиња со Зеолит, за побрза елиминација на радиоактивниот Стронциум од организмите, а и ден денес, војските на НАТО пактот, пред враќање во домовите поминуваат низ прочистителен третман со Клиноптиолит.

Сето ова сведочи за феноменалната ефективност на Клиноптиолитот, а во пракса, Cleaneo плочата во висок процент ќе ви го ослободи домот од мирис на цигари, риба, запршка, нови вештачки теписони, лакиран паркет и мебел, пластични маси, амонијак и силни средства за чистење на подови и ткаенини, мирис на влага и сл.

НАЈВАЖНО!!! Cleaneo плочата НЕ Е ФИЛТЕР!!! Како што рековме, таа е забрзувач на процесот на распаѓање на штетните материи. Таа никогаш нема да се засити и секогаш ќе биде гарант за прочистениот воздух во Вашиот дом!