Политика на приватност

 Политика на приватност на Кнауф

Заштитата на личните податоци е од најголема важност за Кнауф. Затоа, би сакале да ве информираме за тоа како ја заштитуваме вашата приватност кога ни ги давате вашите лични податоци и како можете да добиете информација за податоците со кои раполагаме. Со почитување на законските одредби за заштита на личните податоци, ние се обврзуваме на одговорно ракување со вашите податоци.

Деталите во оваа изјава за политика на приватност се однесува единствено за интернет страницата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини.

Собирање на податоци поврзани со употребата на сајтот

Следниве општи технички информации ќе се собираат автоматски кога ќе пристапите на веб страницата: типот на веб прелистувачот, користениот оперативен систем, името на доменот на вашиот интернет-провајдер и слични информации. Ова вклучува само информации кои не дозволуваат да се извлече заклучок во врска со вашата личност. Ова собирање и складирање на податоци може да се отповика во секое време, со ефективно дејство за во иднина.

Собирање на лични податоци

Во случај од вас да биде побарано да дадете лични информации на нашата веб страница, како што се име и презиме, адреса или телефонски број, употребата на информациите е предмет на посебни одредби и бара претходно прифаќање. Ова прифаќање може да се отповика во секое време.
Ние ги користиме вашите лични податоци во согласност со законските одредби само за техничка администрација на веб страницата, управување со клиенти, испитување на производи и маркетинг во соодветна мера. Вашите податоци се пренесуваат само на компаниите на Групацијата Кнауф и на трговските соработници, занаетчии и претприемачи на Кнауф.

Употреба на колачиња

Овој сајт користи колачиња од Google за да ги испорача своите услуги и за анализа на сообраќајот на сајтот. Вашата IP адреса и корисничкиот агент се споделуваат со Google, заедно со показатели за ефикасноста и безбедноста, за да се обезбеди квалитет на услугата, за да се генерира статистика за користење и за да се откријат и да се преземат мерки во случај на злоупотреби. Посетителите на овој сајт можат да го отповикаат собирањето и складирањето на податоци во секое време.

Безбедност

Користиме разни технички и организациски безбедносни мерки за заштита на вашите лични податоци од случајни или намерни манипулации, загуби, уништување или пристап од страна на неовластени лица.

Право на информации

По ваше барање, ние ќе ве информираме дали и кои лични податоци се чуваат за вас. Исто така, во случај на погрешно складирање на податоци, и покрај нашите најдобри напори податоците да бидат точни и ажурирани, ние ќе извршиме поправка по ваше барање.

За прашања во врска со заштитата на податоците и политиката на приватност на Кнауф ве молиме контактирајте не во секое време на: [email protected]