Калкулатор за акустика

Убави вести за сите инженери. Сега можете сами да си ја пресметате точната површина на перфорирани Кнауф Cleaneo плочи, како би ја постигнале совршената акустика во просторот коој го планирате. Предвидете ја точно намената на просторот, димензиите, типот на ѕидови, подови, типот на мебел во просторот, бројот на лица кој ќе го користи просторот и внесете произволна количина на Cleaneo плочи, Програмот ќе ви пресмета дали е малку, точно или премногу за постигнување на потребната реверберација во просторот. Пробајте го програмот на следниов линк и создадете ги совршените услови за функционирање и следење на говор во дневните соби, просториите за состаноци, училниците во градинките, основните и средните училишта, факултетите, читалните, чекалните, ходниците. И со сето ова, преку зеолитот во составот на овие плочи, создадете повеќе прочистен воздух во сите овие простории, во спалните соби, во болничките соби, во просториите каде се задржуваат деца и дополнително подигнете го квалитетот на просторот кој го проектирате или изведувате. За здравје!

ЗАБЕЛЕШКА: Програмот е доволно прецизен за примена во простории каде акустиката не е од примарно значење (концертни сали, театри, кино сали, филхармонии, опера и сл.). За точна пресметка на вакви објекти, потребни се длабински анализи и пресметки кои се надвор од можностите на овој програм.

* Напомена: Алатката е засега на англиски јазик.