knauf-cleaneo-topview-top-image

Кнауф TopView
Почуствувајте ја акустиката во виртуелната реалност

Совршено акустично искуство со Кнауф

Апликација за мобилни телефони и очила за виртуелна реалност

Акустиката во просторот е еден од најважните фактори за удобноста на истиот. Една соба, преку акустиката може да биде многу удобна или целосно заморна за живот. Просторија, со оптимално пресметани тавански и ѕидни абсорбери на звук, е секогаш поудобна за користење од просторија без такви интервенции. И во модерното, денешно време е ретко да се почуствуваакустички добро пресметан простор, а уште помалку директно да се почуствува разликата помеѓу простор со уредена акустика и акустично непланирана соба.

 

Со новата Кнауф апликација, тоа можете секогаш и сегде да го почуствувате. Споредете ја акустиката во канцеларија, ресторан, детска градинка, училница, сала за соатаноци или отворено фоаје. Доколку немате очила за виртуелна реалност, можете и во 2D да го почуствувате просторот преку 360? видео. Пробајте го!

Со новата апликација TopView, виртуелно ќе погледнете во простории за различна намена и таванска обработка со различни плочи (полна, перфорирана плоча) и ќе ја слушнете разликата. Веднаш конкретно ќе ги разберете поимите за кои често разговараме, а често звучат толку апстрактно. Време на реверберација, разбирливост на звук, ехо.

 

Што ви треба? Паметен телефон со iOS или Android, апликацијата Knauf TopView и некој модел очила за виртуелна реалност (Google Cardboard или слични).

 

Симнете ја апликацијата, приклучете го телефонот, ставете ги очилата и пробувајте.

Во виртуелната реалност, почуствувајте ја разликата помеѓу канцеларија со полн таван и канцеларија со перфорирани Клинео плочи. Посетете ресторан во кој точно ќе ја чуете разликата помеѓу обичните спуштени тавани и Клинео таваните за звучна абсорпција. Имате бучна сала за состаноци? Слушнете ја разликата со внесувањето на Клинео технологијата во неа. Конечно, решете се да го слушнете говорот и музиката околу вас во вистинскиот свој квалитет.

 

И без очила за виртуелна реалност завртете го телефонот во посакуваната насока и погледнете го перфорираниот таван или убаво уредената 3D соба. Уживајте.

 

Инсталирај Knauf TopView (App Store, iOS)Инсталирај Knauf TopView (Play-Store, Android)