W112C Кнауф Cleaneo® Акустичен ѕид

со висока акустичност, противпожарност, звучна изолација и површинска отпорност

Базиран на Кнауф Cleaneo и Дијамант плочите, системот W112C е одличен систем на акустично обработен ѕид, со одлична изолација, доволна да оддели две изразено гласни простории. Комбинира два типа на Кнауф профили и два типа на изолациски материјал.

Подрачје на примена

 

Оптимален ѕид за одделување на школски училници. Во ист систем, објектот добива ѕид со звучна изолација до 59dB, одлична абсорпција на звук и ПП заштита според националните правилници. Одличен за одделување на канцеларии, лекарски ординации и сл.

Кликнете овде за интернациoналната верзија на техничкиот лист или овде за CAD детали од системот.

За комплетна и стандардизирана акустика, системот успешно се комбинира со останатите Кнауф Cleaneo системи на спуштени тавани и ѕидни облоги.