Акустиката во просторот е еден од најважните фактори за удобноста на истиот. Една соба, преку акустиката може да биде многу удобна или целосно заморна за живот. Просторија, со оптимално пресметани тавански и ѕидни абсорбери на звук, е секогаш поудобна за користење од просторија без такви интервенции. И во модерното, денешно време е ретко да се почуствуваакустички добро пресметан простор, а уште помалку директно да се почуствува разликата помеѓу простор со уредена акустика и акустично непланирана соба.
Со новата Кнауф апликација, тоа можете секогаш и сегде да го почуствувате. Споредете ја акустиката во канцеларија, ресторан, детска градинка, училница, сала за соатаноци или отворено фоаје. Доколку немате очила за виртуелна реалност, можете и во 2D да го почуствувате просторот преку 360? видео. Пробајте го!