1. Кнауф Cleaneo плочите се монтираат на згусната двојна потконструкција, каде монтажните профили не се на стандардното меѓурастојание од 50см, туку на 33,3см. Плочите се шрафат со соодветни и тенки Кнауф SN шрафови а видливиот дел од нивните глави се фугира.
2. Споевите на плочите се обработуваат со Кнауф Uniflott или со Кнауф Jetfiller.
3. Доколку се користи Jetfiller, остатокот од материјалот по исушувањето треба да се отсече.
4. Со фина брусна хартија се отстрануваат евентуални нерамнини на споевите.
5. Препорачуваме, пред завршното боење, да се нанесе основен премаз Кнауф Tiefergrund (Тифенгрунд), за воедначување на моќта на впивање на Cleaneo плочата и обработените споеви.
– Кнауф SN шрафови за Cleaneo плочи
– Кнауф шпакла за отсекување на остатоци од Jetfiller
– Кнауф шпакла, со отвори за прецизна обработка на видливите делови од шрафовите
– Кнауф пиштол за материјал за исполна